Постигна гол по цели 33 натпревари пост (ВИДЕО)

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Постигна гол по цели 33 натпревари пост (ВИДЕО)
фото: @HQpcrt (X)

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, постигна гол за мадридскиот клуб за првпат од март оваа година.

24-годишниот Бразилец го отвори резултатот против Манчестер Сити во 6-то коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите (1-2, прво полувреме). Ова беше првиот гол на Бразилецот за „Лос Бланкос“ од 4 март, кога постигна гол во победата од 2-1 против Атлетико Мадрид. Оттогаш, Родриго не успеа да постигне гол на 32 натпревари.

(ВИДЕО)


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата