Артета: Габриел Жесус издржа многу, но покажа колку е силен

11.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета: Габриел Жесус издржа многу, но покажа колку е силен

Арсенал ја продолжи својата победничка серија во Лигата на шампионите со убедлива победа од 3-0 на гостувањето кај Клуб Бриж. Микел Артета им даде шанса на голем број резервисти и тие не разочараа.

„Знаеме колку е тешка Лигата на шампионите и фактот дека игравме на гости, особено со толку многу отсутни играчи, ја прави оваа победа уште позначајна“, рече Артета.

„Кристијан Њоргор веројатно се подготвува подобро од кој било. Тој ни помага да бидеме подобри секој ден. Може да игра на која било позиција. Без разлика дали игра повеќе или помалку минути, неговиот став е беспрекорен и тоа е навистина добар пример за сите нас. Мадуеке и Мартинели беа величествени денес. Начинот на кој се заканија кон голот и ги завршија нападите беше неверојатен“, коментираше шпанскиот специјалист.

Тој го коментираше враќањето на Габриел Жезус…

„Габриел Жезус се врати по 11 месеци и беше одлично да се види како игра на тој начин. Има моменти кога си речиси целосно сам и мора да поминеш низ болка и неизвесност. Тој помина низ тоа неколку пати во својата кариера и тоа ја покажува неговата ментална цврстина и колку многу сака да игра фудбал. Многу сме среќни што се врати“, рече Артета.

„Моравме да се справиме со ситуацијата во одбранбената линија. Некои играчи беа во составот, но не можеа да играат повеќе од 45 или 30 минути. Не беше лесно да се справиме со тоа. Но, играчите имаат став дека ако побарам од некого да игра, ќе игра. Сите направија одлична работа“, заклучи менаџерот на „Топџиите“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата