Фудбалскиот клуб Панатинаикос ја објави ненадејната смрт на Џорџ Балдок, кој беше пронајден мртов во својот базен.
Тажна порака стигна од редовите на „зелените“.
„Шокирани сме, шокирани сме од загубата на нашиот Џорџ. Семејството на Панатинаикос жали за неговата неочекувана загуба. Ние сме со семејството и роднините на Џорџ Балдок“, стои во пораката на Панатинаикос.
Полицијата на самото место не констатирала повреди на телото на фудбалерот.
Летово тој му се приклучи на Панатинаикос со кој потпиша тригодишен договор.