Младата фудбалска репрезентација на Португалија за играчи до 17 години ја победи Австрија со 1-0 во финалето на Светското првенство во Катар. Со оваа победа Португалија за првпат во историјата стана светски првак во оваа возрасна категорија.
Анисио Кабрал, во 32-та минута, го постигна решавачкиот гол, со што ѝ ја донесе на Португалија третата светска титула во фудбал, по нивнaта двојна круна на СП во категорија до 20 години.
Екипата на Бино Масаеш обезбеди епска и историска победа, доминирајќи во играта особено во првото полувреме. Во второто полувреме, Австријците, кои беа непоразени на турнирот до финалето, се обидуваа да израмнат, но Португалија не дозволи да прими гол.

