КЛ: Сигма на Костадинов со важна победа над Целје, прв пораз на Мајнц

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КЛ: Сигма на Костадинов со важна победа над Целје, прв пораз на Мајнц
фото: Sigma Olomouc (X)

Екипата на Сигма Оломуц на нашиот репрезентативец Тихомир Костадинов ја оствари и втората победа во лигашкиот дел од Конференциската лига на УЕФА. Вечерва во првиот дел од мечевите од 4. коло, Сигма на домашен терен славеше со 2:1 против екипатана Целје, а нашиот репрезентативец почна од клупата и доби шанса да ги одигра последните 25 минути од средбата, кога Сигма се обидуваше да ја задржи предноста остварена уште во првото полувреме.

Вечерва покрај Целје, својот прв пораз во натпреварувањето го забележа и германскиот бундеслигаш Мајнц кој беше поразен на гостувањето во Романија кај Универзитатеа во Крајова со 1:0.

Сигурен беше полски Раков кој со 4:1 ја совлада екипата на Рапид од Виена и ја оствари втората победа и остана без пораз во досегашниот дел од КЛ.

Аз Алкмар – Шелбурн 2:0

Хамрун – Линколн 3:1

Лех – Лозана 2:0

Омонија – Динамо (К) 2:0

Раков – Рапид 4:1

Сигма – Целје 2:1

Слован Б. – Рајо Ваљекано 2:1

Универзитатеа Крајова – Мајнц 1:0

Зрински – Хакен 2:1

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата