Полувреме: Бетис подобар во Вроцлав, Бетис со водство!

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полувреме: Бетис подобар во Вроцлав, Бетис со водство!

Вечерва во Вроцлав се игра финалето во Лигата на Конференции во кое се среќаваат Бетис и Челзи. По првите 45 минути шпанскиот тим има водство од 1:0 и тоа со голот на Езалзули во 9.минута. Тоа беше убава комбинација на играчите на Бетис, која со убав шут нешто одлево ја заврши Езалзули со гол за 1:0.

Бетис може да жали што резултатот е само 1:0 ако се знае дека најмалку во два наврати, преку Бартра и Кардосо можеше да дојде до уште некој гол.

На спротивната страна Челзи во првото полувреме беше под своето реноме, но сепак уште ништо не е загубено за “сините“ од Лондон, има да се игра уште цело второ полувреме.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата