Почна судењето на лекарскиот тим на Марадона: Вака почина Диего (ВИДЕО)

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почна судењето на лекарскиот тим на Марадона: Вака почина Диего (ВИДЕО)

Во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, денеска започна судењето околу смрта на Диего Армандо Марадона. Со невидено медиумско присуство, од страна на домашмната но и странска јавност, започна процесот во кој лекарскиот тим кој што се грижел за здравјето на Марадона се товари за несоодветно постапување во овој случај.

Обвинителот Патрицио Ферари на стартот на своето излагање покажа слика од мртвото тело на Марадона, со коментарот „Вака почина Марадона“, со што предизвика мноту тешка реакција од присутните. Секако, тука е семејството на Марадона, поточно неговите ќерки кои веднаш заплакаа.

На обвинителната клупа се наоѓаат осум личности. Вклучувајќи ги лекарите и медицинските сестри кои се грижеле за Марадона во последните денови од неговиот живот. Меѓу нив е и неврохирургот Леополдо Луке кој што се водел како личен доктор на Марадона. Пристигнувањето на обвинетите во судот предизвика лавина од реакции кај насобраниот народ пред судот кој што извикуваше „убијци“. Конфликтот помеѓу двете страни не е присутен само во судницата туку и во јавноста. Сопругата на Марадона, Веронија Оједа имаше јавен конфликт со психијатарот Аугустин Косачов, а ќерката Далма неколку часа пред судењето даде интервју во кое бараше правда.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата