По 38. пат: Бенфика ја освои титулата во Португалија!

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 38. пат: Бенфика ја освои титулата во Португалија!

Фудбалерите на Бенфика со победа над Санта Клара во Лисабон од 3:0 во последното 34. коло во португалскиот шампионат ја освоија титулата, прва по 2019 година.

Бенфика вечерва го прослави 38-от шампионски наслов во националниот шампионат, оставајќи ги зад себе Порто кој има 30 и Спортинг со 19 титули.

„Орлите“ на денешниот меч влегоа со предност од два бода и не дозволија никаква сензација. Тргнаа со водство уште на стартот и потоа само рутински ја потврдија титулата.

Порто со истиот резултат ја совлада Виторија Гимараеш, но тоа не беше доволно.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата