Планот на Хари Кејн по завршување на сезоната е едноставен

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Планот на Хари Кејн по завршување на сезоната е едноставен

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Хари Кејн нема намера да го напушти клубот на лето. Англискиот репрезентативец е среќен со Баварците и не планира да се врати во Премиер-лигата во оваа фаза, тврди Фабрицио Романо.

Информациите доаѓаат среде откритието дека договорот на Кејн со Баерн содржи откупна клаузула која му овозможува да ја напушти Алијанц Арената за одредена сума. Истата изнеасува 80 милиони евра доколку напаѓачот сака да си замине по завршувањето на актуелната сезона, но Кејн не изразил желба да ја активира. За една година станува збор за 65 милиони евра.

Баерн ја купи ѕвездата на Тотенхем во летото 2023 година за 100 милиони евра. Досега Англичанецот има вкупно 70 гола на 72 натпревари за германскиот гигант во сите натпреварувања.

Тотенхем ќе има предност во сите преговори за враќање на Кејн во Англија, но последниот збор за ова ќе го има самиот играч.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата