Англија вечерва во 23 часот ќе се соочи со Франција во натпреварот за третото место, а голманот Џордан Пикфорд (32) ќе го има својот 20-ти настап на мундијалите.
Ова дополнително ќе го одвои од врвот на листата на англиски играчи со најмногу настапи на Светско првенство. По него следуваат Хари Кејн (18), заедно со Џон Стоунс и Питер Шилтон, кои имаат 17 настапи.
Само на голманската позиција, англискиот голман ќе биде израмнет со Уго Љорис на третото место по број на настапи. Мануел Нојер со 23 и Тибо Куртоа со 21 остануваат пред него на вечната листа.

