Пеп: Тука сум, среќен сум… на 75-76 години ќе го напуштам Манчестер Сити!

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пеп: Тука сум, среќен сум… на 75-76 години ќе го напуштам Манчестер Сити!
Фото: Манчестер Сити Х

Повторно една од главните теми во фудбалскиот свет е заминувањето ма Пеп Гвардиола од Манчестер Сити. Дури се шшекулираше дека Енцо Мареска ќе биде негов наследни. Стратегот на Челзи тоа жестоко го демантираше.

Исто така и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги коментираше вчера објавените информации дека клубот се подготвува за живот без него, бидејќи Шпанецот планира да замине по завршувањето на сезоната. Пеп рече дека нема разговори со клубот за својата иднина и се чувствува среќен, но во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи.

Ми го поставуваа ова прашање во одредени периоди во последните три или четири години. Порано или подоцна – на 75 или 76 години – ќе го напуштам Манчестер Сити. Разбирам дека тоа прашање се поставува кога ќе ми истече договорот, но сега ми остануваат 18 месеци. Толку сум среќен, среќен и возбуден поради развојот на тимот и тоа што сум тука, во Сити. Но, тоа прашање се поставува секоја сезона во одредени периоди. Добро сум. Клубот и јас сме неверојатно поврзани околу одлуките што треба да ги донесеме. Што ќе се случи, ќе се случи. Дали во моментов разговараме за мојата иднина? Нема такви дискусии. Крај на темата. Секако, клубот мора да биде подготвен за сè, вклучително и за играчите, за раководителите. Ако нешто се случи, сите други мора да бидат подготвени. Јас сум тука, но никој не знае што може да се случи. Дури и да имам 10-годишен договор, фудбалот многу се менува“ рече Гвардиола на денешната прес-конференција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата