Чаби ќе биде и без Валверде за мечот со Севиља

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чаби ќе биде и без Валверде за мечот со Севиља

Федерико Валверде и натаму го нема на тренинзите на Реал Мадрид и по се изгледа ќе мора да го пропушти мечот со Севиља викендов. На тренингот пред натпреварот против Севиља, Уругваецот тренирал сам во затворен простор на „Валдебебас“.

Валверде сè уште страда од повреда на глуждот што ја заработи во Виторија за време на натпреварот против Алавес. Тој исто така има и грип, што го прави неизвесен за последниот натпревар од годината.

Во меѓувреме, Камавинга, Менди и Алаба продолжуваат да тренираат со останатите свои соиграчи и се очекува да бидат достапни за натпреварот против Севиља. Сепак, Чаби сепак ќе биде без Милитао, Трент, Ендрик, Карерас, Карвахал и Брахим Дијаз. Првите двајца се повредени, како и Карвахал, кој исто така е и суспендиран. Карерас и Ендрик ќе го отслужат последниот натпревар од нивните суспензии откако беа исклучени против Селта Виго. Брахим моментално е со Мароко каде се подготвува за Африканскиот куп на нации.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата