Лацио – Парма 2:2 е епилогот од вечерашниот меч од 34.коло во Серија А. Јасно е дека овој бод е премалку за тимот од Рим кој води битка за пласман во Лигата на Шампионите, но треба да се знае дека до 79.минута гостите од Парма имаа сензационално водство од 0:2 и два зицери за 0:3. И кога тоа не го искористија на сцена стапи искусниот Педро кој со два гола, во 79. и 84.минута, успеа на Лацио да му донесе бод на “Олимпико“ во Рим. Инаку Шпанецот во игра влезе во 57.минута.
Да кажеме дека головите за гостите беа дело на Ондрејка во 3. и 46.минута, а на 2:2 имаа уште една супер шанса за 2:3, но немаа среќа гостите.
На вториот меч вечерва Каљари како гостин славеше кај Верона со 0:2.