Уште една незаборавна фудбалска пресметка на тековниот Мундијал, во САД, Канада и Мексико кој што ни донесе неколку засекогаш запомнети фудбалски минути.
Овојпат во прашање е токму еден од домаќините, Мексико, кој што синоќа во епската битка против Англија загуби со 2:3, на легендарната Ацтека и ги заврши настапите на овој турнир.
Мечот кој што доцнеше еден час, поради невреме, донесе фантастичен фудбал со пресврти, возбудуваања и пет гола. Во кој што Англија сепак, ја покажа силата, знаењето, и моќта да се справи со вакви нокаут мечеви и да се пласира во следната фаза.
Ако сите очекуваат Хери Кејн да ја врши целата работа кај Англија, овојпат се излажаа. Блесокот на Џуд Белингам во првото полувреме и двата погодока во 36. односно 38. минута донесоа 0:2 за Гордиот Албион.
Шокот за домаќините е намален во самиот финиш на полувремето кога Кинонес реализира во 42. минута за 1:2.
Во 54. минута лошата реакција на Џерел Куанса при еден прекршок ги остави англичаните со десетмина, но тоа беше само причина повеќе на сцена да стапи кој друг ако не Хери Кејн. Реализира за 1:3, во 60. минута и веројатно го прави клучниот потег на мечот.
Во 69. минута пенал, за домаќините. Раул Хименез реализира и ја прави завршницата на мечот екстремно неизвесна. Сепак, колку и да светот сакаше нова сензација слична на онаа од мечот Норвешка – Бразил сепак тоа овојпат не се случи. Англија оди понатаму во четвртфиналето од турнирот и ќе се сретне токму со Хапанд и со норвешката армија која што на овој Мундијал игра фантастичен фудбал.

