ОФИЦИЈАЛНО: Лајмер потпиша за Баерн (М)

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОФИЦИЈАЛНО: Лајмер потпиша за Баерн (М)

Конрад Лајмер од денеска и официјално е ново засилување за германскиот шампион Баерн (М). Како што потврдија од клубот, договорот со Лајмер е заклучен и тој ќе биде со важност до 30 јуни 2027 година.

26-годишниот централен играч за врска се сели во Минхен како слободен играч од победникот на Купот на Германија, РБ Лајпциг.

„Среќни сме што потпишавме со Конрад Лајмер. Тој доаѓа кај нас како двократен освојувач на Купот и сега заедно се надеваме дека ќе славиме уште многу големи победи и титули овде во Баерн“, изјавија од баварскиот состав.

Лајмер исто така не го криеше задоволството од трансферот.

„Ова е остварување на сонот за мене. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Ќе дадам сè за клубот и навивачите. Баерн секогаш има највисоки цели – исто како и јас. Едвај чекам да почнеме“, вели Лајмер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата