Натпреварот меѓу Шпанија и Хрватска од Лигата на нации, кој на 29 септември ќе се одигра во Севиља, е прогласен за меч од „висок ризик“ од страна на шпанската Комисија за борба против насилството, расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата во спортот.
Во официјалното соопштение не е наведено зошто натпреварот е ставен во оваа категорија. Сепак, одлуката носи засилени безбедносни мерки околу стадионот „Рамон Санчез Писхуан“, каде што натпреварот ќе започне во 20:45 часот.
Се очекува зголемено полициско присуство, построги контроли на влезовите, додека хрватските навивачи ќе бидат сместени во посебен сектор на стадионот.
Интересот за натпреварот е голем, а на трибините се очекуваат околу 43.750 гледачи.
Пред новиот циклус, Хрватска доби и нов селектор – Славен Билиќ, кој се враќа на клупата на репрезентацијата по периодот од 2006 до 2012 година.

