Одбил понуда од 150 милиони евра: Зидан на Ал Наср му кажа – НЕ!

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одбил понуда од 150 милиони евра: Зидан на Ал Наср му кажа – НЕ!

И дефинитивно Зинедин Зидан нема да биде тренер на Ал Наср, тим од Саудиска Арабија за кого настапува и Кристијано Роналдо. Денеска медиумите во Франција наголемо пишуваат дека легендарниот Зизу имал разговори со тимот од С. Арабија и пристијно се заблагодарал на понудата вредна 150 милиони евра за две сезони.

Со тоа тој нема да стане убедливо најплатениот стратег во светот на фудбалот.

Инаку Зизу веќе неколку месеци наназад се поврзуваше со ПСЖ, па со селекцијата на Франција, имаше и шпекулации дека ќе се врати во Реал Мадри па и дека ќе седне на клупата на Јуве, но од ова ништо не се реализира.

Останува во наредниот период самиот тој да одлучи каде ќе ја продолжи својата тренерска кариера.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата