Од ПСЖ се огласија за видеото со Ван Дајк

17. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од ПСЖ се огласија за видеото со Ван Дајк

Пари Сен Жермен ги отфрли шпекулациите дека преговараат со капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк. Затоа на големо се зборуваше по натпреварот од „Енфилд“ меѓу двата тима, по кој „црвените“ беа елиминирани од Лигата на шампионите. По натпреварот, Холанѓанецот беше виден како разговара со претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос.

„Не разбирам зошто ова видео предизвика толку голема полемика на социјалните мрежи. Разговорот меѓу Ван Дајк, претседателот на клубот и спортскиот директор бил сосема природен и спонтан. Нашиот претседател нема водено никакви преговори за доведување на играчот и се што се зборува за ова е лажно. Дискусијата беше пријателска и претседателот на клубот има голема почит кон Ван Дајк“, изјави портпаролот на ПСЖ, Паскал Фере.

Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, но двете страни се уште преговараат за можно продолжување. Холанѓанецот уверува дека е целосно фокусиран на преостанатите натпревари на тимот до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата