Очајот на Слот и Ливерпул продолжи, Нотингем Ф. триумфално на „Енфилд“

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Очајот на Слот и Ливерпул продолжи, Нотингем Ф. триумфално на „Енфилд“

Ливерпул предводен од Арне Слот им приреди уште една вистинска бламажа на своите навивачи, откако денеска дозволи на „Енфилд“ да биде прегазен и понижен од екипата на Нотингем Форест со пораз од 0:3. „Црвените“ покажаа дека ништо не се променило од она што му се случува на тимот веќе два месеци, а Слот ни оддалеку не успеал да направи „револуција“ во играта на тимот.

Иако почнаа офанзивно, домашните не успеаја да претворат ниту една шанса во гол за водство, па Мурињо со погодокот во 33. минута ги доведе гостите во водство од 0:1. Две минути подоцна, „шумарите“ погодија и за 0:2, но голот беше поништен поради игра со рака.

На самиот почеток на вториот дел Нотингем постигна и втор гол за 0:2. Стрелец беше Николо Савона, а потопот на „Енфилд“ го потврди Гибс-Вајт со голот во 78. минута за 0:3.

Со овој пораз Ливерпул дојде до шестиот сезонски пораз, со кој се израмни со идентичниот број на остварени победи што не се случило со години наназад.

Во останатите денешни дуели постигнати се следните резултати:

Бормут – Вест Хем 2:2

Брајтон – Брентфорд 2:1

Фулам – Сандерленд 1:0

Вулверхемптон – Кристал Палас 0:2


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата