Да се знае кој е кој. „Атлетик“ претстави амбициозен проект, „Сокер 100“ – сеопфатна листа на 100-те најголеми фудбалери во историјата. Рангирањето е составено од група истакнати фудбалски новинари, а конечниот ранкинг предизвика огромен интерес кај навивачите ширум светот.
На врвот на листата е – очекувано или не – Лионел Меси. Според „Атлетик“, Лионел Меси го освои првото место како „најголемиот што некогаш играл“.
На втората позиција е Диего Марадона, а трет е Пеле.
Првите 10 изгледаат вака:
Лионел Меси
Диего Марадона
Пеле
Јохан Кројф
Кристијано Роналдо
Алфредо Ди Стефано
Франц Бекенбауер
Зинедин Зидан
Ференц Пушкаш
Мишел Платини
Капитенот на хрватската репрезентација и легендата на Реал Мадрид, Лука Модриќ е единствен од регионот и се најде на 36-то место.

