Новото бразилско чудо од дете е мета на „пола“ Европа (ВИДЕО)

19.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новото бразилско чудо од дете е мета на „пола“ Европа (ВИДЕО)

Сеуште младинецот на бразилскиот гигант, Атлетико Минеиро, Габриел Венено, кој што во моментов има само 16. години е топ тема последниве недели кога се во прашање европските клупски „тешкаши“.

Момчето кое што во 2025 година постигна неверојатни 80 голови стана за многу краток период мета на се што нешто вреди во фудбалска Европа, а според пишувањата во Бразил, Манчестер Јунајтед предничи во сето ова.

Венено секако не би можел да пристигне на Стариот континент се додека не наполни 18. години, што е пропис на ФИФА.

Покрај Јунајтед и останатите англиски гиганти, интерес пројавија и Барселона, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, РБ Лајпциг, ПСЖ, Монако и Интер.

Неговиот сегашен клуб, Атлетико Минеиро, се обидува да го заштити од медиумското внимание и да го држи на теренот и покрај интензивните шпекулации, а се очекува бразилскиот клуб да добие значителна сума за трансфер кога ќе дојде време за продажба.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата