Италијанскиот интернационалец и репрезентативец Сандро Тонали се повреди на синоќешното гостување на неговиот Њукасл во Барселона, во рамките од реванш дуелот во рамките од Лигата на Шампионите.
Тонали излезе во вториот дел, а денеска официјално е потврдена информацијата дека следува магнетна резонанца која што ќе покаже за што точно станува збор. Дефинитино е во прашање повреда на мускулот, но каква и со колкава тежина е неизвесно.
Како што е добро познато, Италија игра бараж дуел за Мундијалот против Северна Ирска на 26 март во Бергамо, а настапот на Тонали е сосема неизвесен.

