Нов скандал во Реал: Валверде и Чуамени денеска повторно се степале на тренинг, Уругваецот завршил во болница

7.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов скандал во Реал: Валверде и Чуамени денеска повторно се степале на тренинг, Уругваецот завршил во болница
фото: Transfer News Livе (X)

Не секој ден, туку секој час избиваат скандали во Реал Мадрид. Ова веќе не е клуб туку “селска задруга“, ова е далеку од еден Реал Мадрид. Имено вчера медиумите лиферуваа вест дека Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени се степале, но денеска според “Марка“ и двајцата одново на тренинг си размениле по некој удар па Уругваецот, кој е и капитен на тимот, завршил во болница.

Тензиите во Реал Мадрид не само што не се смирија по вчерашната тепачка меѓу Валверде и Чуамени, туку атмосферата се влоши уште повеќе во последните часови. Овој последен инцидент, во кој беа вклучени и Уругваецот и Французинот, заврши со тоа што Феде беше во болница, настан што неколку членови на тимот го опишаа интерно како „најсериозниот што некогаш бил виден на Валдебебас“. Тепачката ескалираше од самиот почеток, барајќи интервенција на неколку членови на тимот и на крајот резултираше со тоа што Валверде мораше да оди во болница. Далеку од тоа да биде изолиран инцидент, оваа конфронтација го потврдува очигледното влошување на внатрешната хармонија во особено чувствителен момент за тимот“ пишува “Марка“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата