Ништо од Барса и Реал: Џонатан Тах одлучи каде ќе ја продолжи кариерата!

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ништо од Барса и Реал: Џонатан Тах одлучи каде ќе ја продолжи кариерата!
ФОТО> Twitter/Bayer 04 Leverkusen

Иако речиси цела пролет се шшекулираше дека одличниот дефанзивец на Леверкузен, Џонатан Тах своја кариера ќе ја продолжи во Ла Лига, во Барселона или Реал Мадрид, сепак најновите информации говорат дека нема ништо од тоа.

Тах секако дека го напушта Баер Леверкузен, но останува во Бундеслигата. Веќе наголемо се говори дека негова е одлуката тој својата кариера да ја продолжи во Баерн Минхен. Германскиот репрезентативец веќе имал разговор со стратегот на “баварците“ Винсент Компани.

Најлошо е тоа што Леверкузен нема да добие ни евро отштета затоа што Тах си заминува како слободен играч. Инаку за него тимот на “Бај Арената“ му плати 10 милиони евра пред десет години.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата