Никој од играчите на Челзи не се “поздрави“ со Росениор!

25.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никој од играчите на Челзи не се “поздрави“ со Росениор!
ФОТО:facebook.com/ChelseaFC/

Во таборот на светскиот првак едноставно владее хаос. Челзи е во агонија, ама за тоа виновно е раководството на гигантот кој го донесе некој си Лиам Росениор за менаџер. Не дека со Енцо Мареска беше идеално, ама овој Росениот едноставно беше катастрофа.

А хаосот можеше да се види на натпреварот против Брајтон каде „галебите“ можеа да постигнат најмалку пет гола, честопати голманот Санчез го спасуваше својот тим од вистински катастрофи, а противничките играчи редовно беа оставени сами во шеснаесетникот. Хаосот што е на теренот е и во канцелариите, Росениор беше отпуштен многу брзо, а звучи неверојатно што ниту еден од играчите на Челзи не не се “поздрави“ со тренерот преку социјалните мрежи, што е нешто што се очекува овие денови. Не беше ни Првата светска војна кога Челзи последен пат загуби пет натпревари по ред во домашното првенство, што е веројатно најдобриот показател за тоа што се случува. Сега клубот ќе го води Калум Мекфарлан, а дали ќе има промени до крајот на сезоната или тимот ќе му биде доверен на професионален менаџер кој нема ниту УЕФА про лиценца? Се чека решение.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата