Никој не сака да оди во најбогатиот клуб во светот: Њукасл и дефинитивно ја загуби битката за Шешко!

7.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Никој не сака да оди во најбогатиот клуб во светот: Њукасл и дефинитивно ја загуби битката за Шешко!
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Навистина чудн. Иако официјално, барем според богатсвото на газдата, Њукасл е најбогатиот клуб во светот, никој од големите ѕвезди не сака да оди на “Сент Џејмс Парк“.

Тренерот Еди Хау сакаше на Александер Исак да му го додаде во нападот Уго Екитике, но младиот напаѓач се одлучи за Ливерпул. Се споменуваше едно време и Родриго, но Бразилецот јасно им ставил до знаење на своите менаџери дека нема шанси да оди од Реал Мадрид во Њукасл или Тотенхем.

Најновио е тоа што денеска, како што пренесуваат медиумите на “Островот“, секако и инсајдерите, дека Бењамин Шешко меѓу Манчестер Јунатед и Њукалс дефинитивно го одбрал овој првиот.

И ако се знае дека може да остане и без Исак, тогаш навистина “страчките“ ова лето доживеаја вистински дебакл на трансфер – пазарот.

Сега да се вратиме на почетокот од текстот.

Газда на клубот од северот на Англија е никој друг туку Мохамед Бин Салман, шеикот од Саудиска Арабија и главен министер во владата на таа земја, како и прв човек на Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија чие богатство се проценува на 500 милијарди долари.

Ете, затоа велат дека Њукасл е најбогатиот клуб во светот.

Но, бадијала.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата