Јасно е дека првата дивизија или Премиерлигата на Англија е најсилната лига во светот на фудбалот. Да се биде шампион во ПЛ е најтешко нешто да се оствари и затоа и следната сезона, според рејтингот и резултатите во последните пет години, од оваа лига во следната сезона ќе има пет екипи кои ќе играат во Лигата на Шампионите.
Сепак според некои математики, оваа бројка може да се зголеми на уште две. Значи математички дури СЕДУМ екипи би можеле да играат во ЛШ.
Еве како.
Нели се загарантирани првите пет места, за шестото решаваат Манчестер Јунајтед и Тотенхем кои имаат големи шанси во Лигата на Европа не само да се најдат во финалето, туку и да го освојат пехарот. Познато е дека победникот во ЛЕ изборува директен пласман во ЛШ.
И сега доаѓаме до најинтересното.
Арсенал ако го освои пехарот во ЛШ, се разбира дека не е невозможно, а притоа падне на шестата позиција или подолу на табелата во ПЛ, тогаш како седми учесник од Англија ќе игра во ЛШ.
Се разбира дека ова е сега само онака маалски муабет, но ако се знае дека Ливерпул е веќе шампион во ПЛ, а Арсенал е втор и нема шанси за титулата повеќе од сигурно е дека Микел Артета нема веќе да го интересира настапот на својот тим во ПЛ туку сите сили и сите ресурси ќе ги насочи кон освојување на ЛШ.
Да, Англија со седум тима во ЛШ е сон, но можно е математички.