Неверојатно: Бекот на Барса настапи на 99 меча во низа, за него нема одмор!

4. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Бекот на Барса настапи на 99 меча во низа, за него нема одмор!

Во последните години сме сведоци на поплаките од тренерите а посебно од играчите дека за големите клубови нема одмор, дека нивните играчи се преоптоварени, дека играа на секои три дена, но за Жил Кунде, бекот на Барселона и репрезентацијата на Франција тоа не важи.

Имено Кунде има неверојатна серија или низе, на 99 меча по ред тој настапувал за својот клуб и за својата репрезентација. Последен пат прескокнал еден меч во ноември 2023 година.

Значи Кунде во период од 1,5 година постојано игра, без разлика дали е стартер или влегува на терен од клупата на резерви.

Тој е вистинска машина.

Во оваа 2024/25 сезона, Кунде одиграл 46 средби за Барселона и 8 за Франција. Во Ла Лига одиграл 29 меча од кои 26 како стартер. Во Лигата на Шампионите ги стартуваше сите десет натпревари. Секако дека играше и во Суперкупот како и во Копа дел Реј.

Барселона утре игра со Бетис, и ако се најде во составот или одигра барем една секунда, тоа ќе му биде јубилејниот 100 меч во низа. Вистински феномен во светот на фудбалот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата