ЛШ 1/4 финале: Моќната Барса против Дортмунд, страшниот ПСЖ на мегдан со Астон Вила

9.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ 1/4 финале: Моќната Барса против Дортмунд, страшниот ПСЖ на мегдан со Астон Вила

Вечерва продолжуваат возбудувањата од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. На програмата се првите два меча од дуелите Барселона – Дортмунд и ПСЖ – Астон Вила.

На прв поглед не така атрактивни како синоќешните во Лондон и Минхен, но сепак ова е четвртфинале и спектаклот секако дека ќе биде присутен.

Барселона е фаворит во двомечот со Дортмунд. Четата на стратегот Ханси Флик е во форма, игра добро, игра напаѓачки на гол повеќе и атрактивно. Секој нејзин меч е просто за уживање. Сепак кој може така лесно да го отпише Дортмунд кој лани дојде до финалето.

Борусија е голем клуб кој во последните десетина година покажа дека знае како треба во Лигата на Шампионите.

Победникот од овој двомеч во полуфиналето за ривал ќе го има подобриот од двомечот меѓу Баерн Минхен и Интер.

Ако Барса е фаворит со Дортмунд, тогаш што да се каже за ПСЖ кој вечерва во Париз за ривал го има составот на Астон Вила. Ова го велиме ако се знае на кој начин “светците“ дојдоа до тука, ако се знае на кој начин играат во оваа 2025. Составот на Луис Енрике, се разбира со Барса, е најдобриот и најспектакуларниот во овој период од година.

Од друга страна историски тимот од Англија бил европски првак пред повеќе од 40 години, ама ПСЖ се уште го сонува “ушлето“.

Победникот од овој двомеч во следната фаза се среќава со Арсенал или Реал Мадрид.

ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА-21:00 Ч

Барселона – Дортмунд

ПСЖ – Астон Вила

*Реваншите се играат на 15 април


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата