Неверојатно: Ал Хилал на Салах му нуди 100 милиони евра по сезона!

22.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Ал Хилал на Салах му нуди 100 милиони евра по сезона!

И покрај желбата на Ливерпул да го заржи својот најдобар играч и во наредниот период, а за тоа има и почетни преговори, сепак тешко дека Мохамед Салах ќе остане на „Енфилд“ и по јуни ова лето.

Како што велат последните информации од Саудиска Арабија, Ал Хилал, еден од најголемите клубови во таа земја, му нуди на “Фараонот“ баснсловен договор од 100 милиони евра по сезона, тука се сметаат и разните бонуси.

Јасно е дека ова Ливерпул нема шанси да му го понуди на Салах, па сега останува да се види како на се ова ќе реагира самиот напаѓач.

Инаку за Ал Хилал парите не се проблем, по заминувањето на Нејмар овој клуб сака нова мега – ѕвезда во својот тим, е сега дали ќе успее да дојде до потписот на Салах, останува да се види.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата