Се чини дека нема веќе дилеми. Имено големи се шансите менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, да остане во клубот и следната сезона, и покрај тоа што „Редси“ имаат разочарувачка сезона. Според „Скај Спортс“, Холанѓанецот ќе продолжи со работата со тимот, а сомнежите за неговата иднина исчезнаа, откако Ливерпул е многу блиску до обезбедување учество во Лигата на шампионите следната сезона.
По победата над Евертон викендов, Ливерпул има седум бода предност во однос на шестопласираниот Челзи, а шансите на Лондончани да ги стигнат се многу мали. Петтото место на ранг-листата ќе им обезбеди на „Редси“ место во најпрестижното европско клупско натпреварување.
Слот го предводеше Ливерпул до шампионската титула во Англија во својата прва сезона, но во втората има сериозни проблеми. И покрај огромниот летен избор, тимот ќе ја заврши сезоната без трофеј и далеку од претендентите за титулата Арсенал и Манчестер Сити.

