Некогашниот сметководител на Берлускони е новиот претседател на Серија А! (ФОТО)

21.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Некогашниот сметководител на Берлускони е новиот претседател на Серија А! (ФОТО)

Серија А и официјално потврди дека има нов претседател, а тоа е Ецио Симонели, кој ќе го наследи досегашниот прв човек Лоренцо Казини.

По првиот круг кој се одржа на 9 декември, Симонели имаше 9 гласа, додека на второто гласање доби 14 што беше доволно да победи во „трката“ со своите против-кандидати.

Интересно е тоа што новиот шеф на Серија А некогаш му бил сметководител на славниот Силвио Берлускони, кој почина во јуни минатата година, а работел и како новинар во една од ТВ куќи на некогашниот магнат, некогашен газда на Милан и некогашен премиер на Италија.

Ова е негова прва ваква функција ако се знае дека во 2013 и 2021 година ги загуби изборите за претседател на Серија Б.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата