Веројатно најголемата фудбалска ѕвезда во Бразил, Нејмар, пристигна во тренинг-кампот на националниот тим во Терезополис со приватен хеликоптер.
34-годишникот пристигна на собирот со повреда, па веднаш ќе биде подложен на лекарски прегледи за да се утврди вистинската сериозност на повредата и да се процени кога може да очекува враќање на теренот.
Патем, Нејмар е единствениот играч кој долета на тренинг.
Националната репрезентација ќе остане во кампот Грања Комари до сабота, кога доцна попладне ќе патува за Рио де Жанеиро.
Таму, во недела, 31 мај, во 18:30 часот по локално време, ги очекува последниот подготвителен натпревар против Панама на стадионот „Маракана“.
Во понеделник, 1 јуни, навечер, тие ќе патуваат директно за Њу Џерси, каде што ќе го завршат последниот дел од подготовките за Светското првенство во Соединетите Американски Држави.
Neymar is 𝐁𝐀𝐂𝐊 with the Brazil squad 😍🇧🇷
🎥 @canalwamo pic.twitter.com/JAC4FrJv0d
— 433 (@433) May 27, 2026

