Не е мирно ниту во Приштина…навивачите го товарат Муриќи за предавство, тој возврати жестоко

1.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не е мирно ниту во Приштина…навивачите го товарат Муриќи за предавство, тој возврати жестоко

Репрезентацијата на Косово беше на деведесет минути од Мундијалот во САД, Мекиско и Канада, но нашите соседи сепак ќе мора да почекаат следна прилика. Во клучниот бараж меч на свој терен во Приштина, Косово загуби од Турција со 0:1.

Тагата е голема, но дел од јавноста, пред се дел од навивачите, го теретат Ведад Муриќи инаку еден од најдобрите фудбалери на Косово во историјата, дека наводно имал контакти со противникот пред дуелот и оддал дел од тајните. Причина за ова е фактот што Муриќи играше во Турција извесен период, има пасош на оваа земја, и зборува течно турски јазик.

На ова, Муриќи возврати жестоко….

„Полутурчин кој што зборува турски,  а како и повеќето кои се родени во Призрен, но кој што е поголем патриот и се чувствува поголем косовар од тебе!!! Да мислиш дека репрезентативец во најважниот меч за својата земја ќе продаде информации, само затоа што е роден во Призрен и зборува турски… тогаш тој мора да има ментални проблеми или да е крвник без емоции, и без почит кон играч кој дал за Косово многу. На тебе лично, нека ти стои сета болка која што сум ја почувствувал за оваа држава и репрезентација. Бог нека те казни“ – напоша Муриќи.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата