Направен е список од 10 фудбалски имиња кои се „мета“ на клубовите во С.Арабија!

5.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Направен е список од 10 фудбалски имиња кои се „мета“ на клубовите во С.Арабија!

Изготвен е список со имињата на повеќе од десет фудбалски ѕвезди кои ги бараат клубовите од Саудиска Арабија, а Лионел Меси и Карим Бензема се на врвот на листата, изјави денеска за Франс прес, извор близок до преговорите.

Меѓу споменатите на „мети“ се Лука Модриќ, Уго Лорис, Серхио Рамос, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Нголо Канте, Анхел ди Марија и Роберто Фирмино, додаде истиот извор.

Изворот вели дека саудиските власти „се во контакт со повеќе од десет играчи, од кои многумина го освоиле Светското првенство или Лигата на шампионите, за следната сезона да се преселат во Саудиска Арабија“.

Покрај тоа што ќе добијат доста профитабилни понуди, тие ќе играат и во многу конкурентна лига“, тврди изворот, додавајќи дека целта е најголемиот дел од договорите да се склучат пред почетокот на следната сезона на 11 август.

Претставник на саудиската влада, исто така, изјави за АФП дека властите преговараат со „играчи од светска класа“.

„Целта е да се изгради многу силна и конкурентна лига и да се подигне нивото на саудиските клубови“, рече тој.

Кога станува збор за Меси и Бензема, претставниците на Саудиска Арабија се во Париз и Мадрид се обидуваат да склучат договори, според повеќе извори и извештаи во медиумите.

До денес најголема „мета“ која Саудиска Арабија ја реализираше беше ангажманот на Кристијано Роналдо, кој на крајот на декември потпиша за клубот Ал Наср. Според непотврдени информации, Португалецот наводно моментално ја заработува најголемата плата во историјата на спортот, околу 200 милиони евра по сезона.

Истата сума ја споменува и шпанскиот печат кога е во прашање трансферот на Бензема на Ал Итихад, додека во случајот со Меси и неговиот евентуален потпис за Ал Хилал се споменува уште поголема сума.

Сите таргетирани играчи се големи фудбалски ѕвезди кои се пред крајот на својата кариера. Со исклучок на Лорис, кој има уште една година од договорот со Тотенхем, сите останати се без договор.

Најголемиот светски извозник на нафта веќе потроши стотици милиони за спортски договори, за да го донесе Роналдо, но и да ја организира трката во Формула 1. Сите овие иницијативи доведоа до обвинувања дека Саудиска Арабија сака да го „испере“ своето досие за прекршување на човековите права преку спортот“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата