Наполи ќе испрати нова понуда до Јунајтед за Гарначо!

18.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наполи ќе испрати нова понуда до Јунајтед за Гарначо!

Се чини дека и Наполи и тренерот Антонио Конте и дефинитивно се решени оваа зима да дојдат до младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо.

Сега откако Квича Кварацкелија се пресели во ПСЖ сега Наполи сака по секоја цена да ангажира квалитетен офанзивец. Па така откако Јунајтед ја одби првата понуда на наполитанците за Аргентинецот, која изнесуваше 40 милиони евра, сега планираат да испратат нова, поголема, од 50 милиони евра плус бонуси.

Сега на потег е раководството на клубот од “Олд Трафорд“. Дали ќе ја прифати оваа втора понуда или и оваа ќе ја одбие како првата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата