Најлошите трансфери за сезоната 2022/23

31.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најлошите трансфери за сезоната 2022/23

Оваа сезона многу фудбалери тотално разочараа иако за нив беа платени големи суми. Некои од нив направија кам-бек, некои се преселија како слободни фудбалери, за дел од нив беа платени и до 100 милиони евра за на крајот да видат дека направиле грешка.

Клубовите во Премиер лигата се покажаа како лоши во проценка при засилувањата, а не се многу далеку и клубовите од Италија, Германија и Шпанија…

Интернет страницата, специјализирана за фудбал „Goal.com“ ги објави најлошите трансфери во сезоната 2022/23.

Ќе почнеме од 10-тото место, а таму се најде Калум Хадсон-Одои кој од Челзи дојде во Баер Леверкузен. Тој повеќе ја грееше клупата отколку што беше на терен.

Следуваат кон врвот: Антони од Манчестер Јунајтед, Садио Мане од Баерн, Михајло Мудрик за кого Челзи плати 100 милиони евра, Џеси Лингард од Нотингем Форест, Калвин Филипс кого Манчестер Сити го плати 42 милион фунти за да го донесе од Лидс, а тој речиси да не играше.

На четвртото место е Сержо Дест кој дојде на позајмица во Милан, но италијанскиот клуб го исфрли од тимот. Лошата форма ги натера „росонерите“ да не го откупат.

Третото место го држи Марк Кукуреља кого Челзи го купи од Брајтон за 63 милиони фунти. „Сините“ ептен се надеваа дека овој фудбалер ќе ги реши нивните проблеми во одбраната, но се излажаа. Заедно со Мудрик се најлошите засилувања на Челзи оваа сезона.

Второто место е за Ришарлисон кој дојде во Тотенхем. Лодончани платија 60 милиони фунти и многу очекуваа од него, а тој одигра скромно. Немаше жар, острина, агресивност и убоитост пред противничките голови каква што имаше во Евертон. Затоа и Конте не му веруваше на Бразилецот и го ставаше на клупата место во игра.

На првото место е Пол Погба кој се врати во Јувентус. Како слободен фудбалер одлучи да го напушти Јунајтед и да отиде во редовите на „Старата дама“. Французинот тотално падна физички, првпат како стартер беше во мај против Кремонезе кога се повреди по 23 минути. Поради повреди и поради лични проблеми не се наметна на првиот тим. Кружат информации дека Французинот повторно ќе ја менува средината…


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата