Најдобриот голман во светот прави сензационален трансфер во Саудиска Арабија?!

17.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најдобриот голман во светот прави сензационален трансфер во Саудиска Арабија?!

Емотивно синоќа беше на “Вила Парк“ во Бирмингем по победата на Астон Вила против Тотенхем. Имено голманот Емилиано Мартинез се расплака, како да сакаше да каже дека ова му е последен меч за Вила пред своите фанови.

Имено познато е дека светскиот првак со Аргентина и според ФИФА најдобриот голман во светот, веројатно ќе прави сензационален трансфер во Саудиска Арабија.

По мечот тренерот Унаи Емери не беше дециден за тоа дали Мартинез си оди или не:

Ќе видиме. Ова за нас беше последен меч оваа сезона на нашиот стадион, сега не би можел да говорам за играчите и за екипата што ќе се случува во преодниот рок“

ФОТО: ФЦ Астон Вила/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата