Нагелсман сака да биде селектор на Германија, но не за двојно помала плата од онаа во Баерн

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нагелсман сака да биде селектор на Германија, но не за двојно помала плата од онаа во Баерн

Германскиот магазин „Кикер“ пишува дека Јулијан Нагелсман размислува дали да ја прифати поканата од Германскиот сојуз за да стане нов селектор на Германија. Според магазинот, Нагелсман знае дека нема да заработува толку колку што заработува сега според договорот со Баерн Минхен и затоа не би сакал да ја раскинува соработката на сметка на селекторската работа.

Платата очигледно ќе биде пресудна за тоа дали Германија ќе го добие својот селектор од соништата. Нагелсман се уште е под договор со Баерн, каде што добива по седум милиони евра годишно.

Ако се согласи на понудата од Германскиот сојуз ќе добие двојно помала плата. Ако Јулијан Нагелсман не се согласи со ДФБ, тогаш Феликс Магат ќе биде нов фаворит за селекторската позиција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата