Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше бесен по дербито бидејќи смета дека неговиот тим е оштетен поради недосуден чист пенал против Арсенал (0:1).
Ливерпул бараше пенал во неколку наврати во текот на првото полувреме од натпреварот, а најконкретната ситуација се случи кога Јурен Тимбер го собори Александар Исак.
Поучени од претходните примери, можеме да заклучиме дека сме виделе и казни за поблаги контакти. Енди Медли овој пат мавна со раката, а ВАР не проговори.
„Беше чист пенал за нас, како ВАР не го забележа? Па, има 50 камери… Сите го видоа. На крајот на краиштата, не беше судено и честитки за Арсенал“, рече Холанѓанецот.
Timber holding Isak back because he knows he’s heading that in 😂😂😂
Delicious cross btw https://t.co/AxS2fCP4yr— Ayen• (@Ayenanfield) November 1, 2026

