Мурињо: Судијата трчајќи „сто на сат“ со едното око го следеше моето однесување!

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо: Судијата трчајќи „сто на сат“ со едното око го следеше моето однесување!
Фото: Fenerbahçe SK

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо го коментираше ремито 1:1 со Манчестер Јунајтед. Тој беше повеќе од среќен бидејќи заработи бод против противникот посупериорен од неговиот тим, но во исто време жалеше што неговите играчи се доближија до победата, но не можеа да го совладаат голманот Андре Онана, кој имаше две неверојатни одбрани.

„Игравме против тим кој е на повисоко ниво од нашиот. Премиер-лигата е покласна лига, со поголем интензитет, брзина и се. Моите момчиња одиграа неверојатен натпревар. Моравме да составиме луда загатка, но нашиот настап беше прекрасен и не можам да барам ништо повеќе од моите играчи.

Феноменален настап. Јунајтед постигна гол од ситуација од која се очекуваше да даде гол бидејќи има многу брзи крила и знаевме дека може да не повредат така. Онана направи неколку неверојатни одбрани. Нашиот голман не одбрани, додека Онана направи две одбрани за десет секунди. Тој ја имаше најважната улога во овој резултат Тој не направи 20 одбрани, но направи две кои беа неверојатни“, изјави Мурињо.

Португалецот доби уште еден црвен картон, коментирајќи во свој типичен стил за одлуката на судијата:

„Трчајќи со 100 на час, судијата имаше едно око на ситуацијата од пенал и едно око на моето однесување. Затоа тој е еден од најдобрите судии во светот“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата