Чаби Алонсо со порака до Перез: Донеси го тој играч и јас доаѓам!

25.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чаби Алонсо со порака до Перез: Донеси го тој играч и јас доаѓам!

Во јуни се очекува Карло Анчелоти да го заврши својот втор мандат како тренер во Реал Мадрид. Како најсериозен кандидат за негов наследник веќе подолго време се споменува Чаби Алонсо, сегашниот стратег на Леверкузен, инаку некоашен играч на Реал Мадрид.

Јасно е дека нема тренер во светот кој не ја сака клупата на “кралевите“, но според медиумите во Шпанија, Чаби Алонсо имал само еден услов да дојде во Мадрид.

Тоа му го пренел и на самиот Дон Флорентин Перез. А тоа е ангажманот на мега – ѕвездата на Леверкузен и германскиот фудбал Флоријан Вирц.

Донеси си го Вирц и јас веднаш доаѓам“ ова била пораката на Чаби Алонсо до првиот човек на Реал Мадрид.

Инаку веќе извесно време младиот напаѓач се поврзува со трансфер во Реал, Баерн, Сити, ПСЖ… а се очекува тој што сака да го донесе во своите редови на Леверкузен да му исплати 150 милиони евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата