Мурињо: Одлично дерби, тоа му е јасно на секој кој што го гледаше овој меч

26.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо: Одлично дерби, тоа му е јасно на секој кој што го гледаше овој меч

Синоќа се одигра уште едно големо „Ел Класико“ помеѓу екипите на Барселона и Реал Мадрид. „Кралевите“ дојдоа до 81. победа во историјата против вечнито ривал, со конечни 1:2 во меч во кој што главна звезда секако беше Килиан Мбапе кој што ги постигна двата гола за гостите.

Болката за Каталонците е уште поголема ако се знае дека по изедначувањето на Рафиња, тие тргнаа во офанзива и да победуваат, а решавачкиот гол на французинот дојде во последните моменти од мечот.

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо секако презадоволен од она што се случуваше синоќа на Ноу Камп, даде опширна изјава околу импресиите и што значи оваа победа за неговиот тим во моментов.

„Ова беше вистински фудбалски, мел, спектакл, и тоа го знае секој кој што го гледаше истиот. Два тима кои што одеа со отворен гард за да победат. Играчите одиграа исклучителен натпревар, беа многу организирани, концентрирани и имаа храброст да ја извлечат топката од одбраната против противникот. Имавме ситуации да постигнеме гол и за 2:0, но Барселона реагираше силно во второто полувреме, а сепак ние останавме смирени и организирани. Дури и при резултат 1:1 не ја изгубивме смиреноста. Игравме против одличен противник и со судија кој, според мене, одлично си ја заврши работата, но ВАР системот изгледаше како да спие во 60. минута. Имаше чист црвен картон за Жоао Кансело за прекршокот врз Диоманде. Сепак, тоа беше одличен натпревар и голема победа“, додаде Португалецот.

Ако погрешеше Луњин сите тоа ќе ме прашувавте

Нормално, Мурињо не бил бил свој доколку не искоментира нешто во негов стил. На голот на Реал Мадрид не беше Тибо Куртоа, туку неговата замена Луњин кој што одработи одличен меч.

„Никој не ме праша за Лунин, но ако губевме поради неговите грешки, првото прашање ќе беше за него. Единственото нешто што му го кажав беше дека не тренира за да биде на клупата. Одигра многу избалансиран и смирен натпревар. Го имаме најдобриот голман на светот, но денес никој од нас не плачеше затоа што Тибо не играше. Групата е многу блиска“, нагласи тренерот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата