Со головите на Кристијан Пулишиќ и Омари Хачисон, тимот на Милан вечерва триумфираше на гостувањето кај Удинезе со конечни 0:2.
Американецот погоди уште на самиот старт на мечот во шестата минута, со што најави гостински триумф на овој меч.
Хачисон пак реализираше во вистинско време, во 65. минута од дуелот за мирен финиш во кој што домаќинот ниту имаше сила, а уште помалку капацитет за да стори нешто повеќе и да се спаси од пораз.
Со оваа победа Милан е со 18. бодови и четврта позиција, додека Удинезе со четирите бодови го чека сериозна битка за опстанок сезонава.

