Мурињо ја испорача првата желба: Португалец од Вест Хем на радарот на Реал

8.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо ја испорача првата желба: Португалец од Вест Хем на радарот на Реал
фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X)

Англиските медиуми денеска пишуваат дека Жозе Мурињо, кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, побарал од Флорентино Перез да го обезбеди потписот на играчот од средниот ред на Вест Хем, Матеус Фернандес.

Весникот „Сан“ објави дека Реал Мадрид би се приклучил во трката за Матеус Фернандес, 21-годишниот португалски фудбалер висок 1,78 метри, чиј трансфер од Вест Хем би можел да се процени на повеќе од 92 милиони евра.

ПСЖ и Манчестер Јунајтед се другите  два тима заинтересирани за поранешниот играч на Спортинг Лисабон, Есторил и Саутемптон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата