Мудрик погоди, Челзи, конечно, победи (ВИДЕО)

2.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мудрик погоди, Челзи, конечно, победи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челзи, конечно, забележаа победа во Премиер лигата откако вечерва славеа против Фулам на „Крејвен Котиџ“ со 2:0. Маурисио Покетино не можеше да смета на суспендираниот Николас Џексон, додека Рахим Стерлинг поради вирус беше принуден да стартува од клупата.

Нивното отсуство го искористи Броја, кој заедно со Мудрик беше автор на оваа победа на лондонските „сини“.

Челзи одигра многу добро и брзо ги постигна двата гола. Мудрик погоди во 18 минута за 1:0, додека Броја веднаш штом фудбалерите на Фулам тргнаа од центарот успеа да ја искористи асистенцијата на Палмер и зголеми на 2:0.

Челзи до крајот одигра зрело и тактички дициплинирано со што го оствари само вториот триумф сезонава во Премиер лигата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата