Можело и вака: Нотингем има просечен посед на топка од 39%, но е на пат да игра во ЛШ!

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Можело и вака: Нотингем има просечен посед на топка од 39%, но е на пат да игра во ЛШ!

Нотингем Форест оствари исклучително важна победа на гости кај Тотенхем и направи сериозен чекор кон учество во Лигата на шампионите следната сезона. Избраниците на Нуњо Еспирито Санто и овој пат тоа го направија на свој типичен начин – со исклучително практична игра, дефанзивна стабилност и минимален посед на топката од едвај 30%.

Последново станува заштитен знак на овој тим. Всушност, „шумарите“ се на самото дно на листата на клубови со најмал посед на топка на натпреварите во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Просечно на сите досега одиграни мечеви, Нотингем имал просечен посед на топка од само 39,3%.

Ако бројките останат вакви и на претстојните дуели, Нотингем Форест би можел да стане првиот тим во историјата на Премиер лигата кој успеал да дојде до место во ТОП 4 на табелата со едвај 40% просечен посед на своите натпревари.

Досега единствените тимови кои успеале да го направат тоа со помалку од 50% се Лестер во шампионската сезона 2015/16 година – со 42,4%, и Евертон во 2004/05 година – со 48,5%.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата