Гарначо и дефинитивно ја одбил понудата на Ал-Наср!

14.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гарначо и дефинитивно ја одбил понудата на Ал-Наср!
fc manchester united facebook

И дефинитивно Алехандро Гарначо нема да се пресели во Саудиска Арабија, барем не во Ал-Наср. И покрај тоа што на младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Аргентина, Кристијано Роналдо му е идол, сепак тој нема да игра покрај легендарниот Португалец.

Инаку познато е дека за Гарначо нема иднина во клубот од “Олд Трафорд“, со назнака дека тој е на продажба. За него има и имаше интерес од неколку големи европски клубови, но најмногу “гризеа“ Атледико Мадрид и споменатиот Ал-Наср.

Останува да се види дали Гарначо ќе ја прифати понудата на својот сонародник Диего Симеоне и ќе се пресели во таборот на “јорганџиите“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата