Миовски стартер, Џирона повторно ремизираше

15.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Миовски стартер, Џирона повторно ремизираше

Екипите на Џирона и Валенсија ги поделија бодовите од вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига кој заврши со резултат 1:1. Нашиот Бојан Миовски го започна натпреварот од првата минута, но не успеа да запише гол или асистенција.

Резултатот го отвори Лопез во 58-та минута од натпреварот за водство на „лилјаците“, а само 6 минути подоцна Стуани донесе изедначување за домашниот тим.

Ова е трето последователно реми за Џирона која се наоѓа на 11-тото место со 34 бода, а Валенсија се наоѓа на 16-тото место со 28 бодови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата