Милко Ѓуровски: Јас да бев на местото на Тадиќ немаше ни да влезам во игра!

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милко Ѓуровски: Јас да бев на местото на Тадиќ немаше ни да влезам во игра!

Многу врева се дигна на ЕУРО, а пред се во јавноста во Србија по коментарите на капитенот на репрезентаццијата на нашиот северен сосед Душан Тадиќ за тоа дека не беше стартер. Потоа капитенот се извини до селекторот Драган Стојковиќ Пикси и до соиграчите и целата работа како да се потсмири.

Сепак во денешното интервју за српски “Моцарт“, легендарниот Милко Ѓуровски, еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, екс фудбалер на Ц. Звезда и Партизан, имаше свој коментар:

Искрено јас да бев на местото на Душан Тадиќ немаше ни да влезам во игра. Јас сум таков карактер, а Тадиќ е мирен, фин човек и кажа тоа што мислеше. Да се вратам на себе, ако тоа мене ми го направеше тренерот тогаш јас ќе седев на клупа и ќе навивав мојот тим да загуби“ изјави Милко, контроверзен како и секогаш.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата